еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

„Голф“ влетал во река во Прилеп, двете лица спасени

Возило во кое се превезувале две лица, паднало во река во Прилеп, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Во 13:11 часот на Единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК, добиена е информација дека патничко моторно возило марка „голф“ влетало во реката кај мост „Кочо Рацин“ во Прилеп.

Од Регионалниот ЦУК Битола контактирале со ТППЕ Прилеп и добиле известување дека имаат екипа на лице место, како и од прилепската Итна медицинска помош и дека во возилото имало две лица кои се извлечени. На терен, согласно ситуацијата, била излезена и полициска екипа од Полициската станица Прилеп, се наведува во соопштението на ЦУК.

Лицата се пренесени во прилепската болница, каде на едно му се констатирани тешки телесни повредени, но не е во животна опасност, а на другото лесни повреди и е пуштено на домашно лекување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице загина, а дваесетина се повредени во сообраќајка помеѓу комбе со работници и автомобил

Редакција

Питу Гули на Мечкин Камен загинал на 38-годишна возраст: Кој е приватно еден од најголемите македонски револуционери

Редакција

Димовски до Милевски кој е против францускиот предлог: Ако Владата не ве послуша, повлечете ја поддршката

Редакција