еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поевтинуваат од два до четири денари за литар

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два до четири денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,76 отсто.

Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-95“ се намалува за 2,5 денари по литар и ќе изнесува 49,5 денари.

Бензинот „еуросупер БС-98“ поевтинува за 2 денари и ќе чини 52 денари за литар.

Цената на „еуродизел“, се намалува за 4 денари и ќе изнесува 42,5 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,5 денари и ќе изнесува 30,5 денари.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени на светскиот пазар на бензините за околу 24,55 отсто и кај дизелот за околу 31,9 отсто, како и за 0,665 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За примања на Управниот и Надзорниот одбор на Прилепска пиварница лани исплатени 18 милиони денари бруто

Редакција

МОН без оглас ќе набави учебници од „Арбериа-десигн“ за 149 милиони денари

Редакција

„Пелистерка“ оствари добивка од 8,9 милиони денари за девет месеци

Редакција