еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Горивата поскапуваат до два денари

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06  отсто.

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денари за литар, додека цените на бензинот Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за два денари за литар.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 84,5 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 87, Еуродизел БС (Д-Е V) за 74, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 73 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,505 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,079 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,946  отсто, кај дизелот за 4,784, кај екстра лесното масло за 4,793 и кај мазутот за 1,892 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,224 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи: Отворањето на бугарскиот клуб во Охрид е провокација и на штета на бугарската заедница во државав

Редакција

Ковачевски, Вучиќ и Рама ќе одат во Брисел на Самитот ЕУ – Западен Балкан

Редакција

Во седум земји-членки на ЕУ е воведен дигитален ковид-пасош

Редакција