еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, а бензините за по два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува по 63,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 73, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 75 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,101 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,981 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за околу 5,549 отсто, а кај дизелот за околу 4,440 отсто, како и за 0,29 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

РКЕ им даде 90 дена на РКМ, Супертрејд, Пертинакс и Ли Оил да достават доказ дека ги поседуваат потребните резерви на мазут

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Царинската управа за набавка на масло за греење „тежок“ 303.000 евра

Редакција

Фершпед лани работел со добивка

Редакција