еМагазин
Image default
Локално

Гости нападнале келнер на роденденска забава во игротека во Куманово, бидејќи предупредил за непочитување на протоколи

Келнер бил физички нападнат од гости на роденденска забава во игротека во Куманово, бидејќи предупредил за непочитување на протоколи за работа на угостителски објекти, соопштија денеска од СВР Куманово.

Настанот се случил вчера во игротека во кумановската населба „Гоце Делчев“.

– Во 16: 30 часот во СВР Куманово, Б.З.(26) од Куманово пријавил дека на 10.01.2021 во игротека во населбата „Гоце Делчев“, каде што работи како келнер, додека се одржувала роденденска забава бил физички нападнат од М.Н. – организатор на роденденот и уште две лица гости на прославата.

Според пријавувачот, причина за нападот е затоа што ги предупредил поради непочитување на протоколите за работа на угостителските објекти, соопшти СВР Кумново.

Кумановската полиција презема мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ограбена експозитурата на НЛБ банка во Ѓорче Петров

Редакција

Убиен 42-годишен маж од Велес, полицијата го приведе убиецот

Редакција

Промена на рутите и целната локација на дефилето „Јас внимавам и безбедно возам“

Редакција