еМагазин
Image default
Локално

Гостивар: Во улична тепачка, двајца повредени и петмина приведени

Во тепачка помеѓу две групи што вчера се случила на улицата „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, со потешки повреди се задобиле две лица, а полицијата лишила од слобода петмина жители на селото Ѓурѓевиште.

Физичката пресметка го привлече вниманието на гостиварци заради жестокоста и местото на случување, кое важи за многу прометно. Причината за тепачката најверојатно се недоразбирања кои соселаните ги имале од претходно.

Според СВР Тетово , вчера околу 14 часот физички биле нападнати Б.Н. (49) и Р.М (24) од гостиварското село Ѓурѓевиште. Во нападот врз нив биле употребиле и дрвени палки.

По пресметката, повредените Б.Н. и Р.М. со повреди по телата и главите пренесени се во гостиварската општа болница. Отаму, Б.Н. префрлен е на скопските клиники, а Р.М. по санирањето на повредите пуштен е на домашно лекување.

Набрзо, идентификувани и лишени се од слобода пет лица од гостиварско Ѓурѓевиште кои се сомничат дека учествувале во физичкиот напад: Р.И.(22), Б.И.(23), И.М. (18), С.И.(21) и Д.И.(28). Сите лишени задржани се во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убиство и обид за самоубиство во Струга: Сопруг со повеќе убоди од нож ја убил својата пет години помлада партнерка

Редакција

Лични документи ќе се издаваат и за Илинден

Редакција

11-годишно девојче пронајдено починато во село Парналија на Плачковица

Редакција