Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Д.(22) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,уцена“, информира МВР.
Во периодот од август 2018 година до 25.02.2019 пријавениот, со закана дека на социјални мрежи ќе објави компромитирачки фотографии, ја принудил неговата поранешна девојка од Гостивар да му даде околу 400 евра. На 25.02.2019 полициски службеници го лишиле од слобода пријавениот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.