Голем број граѓани на социјалните мрежи повторно се жалат дека не можат да ги користат кредитните картички и интернет банкарството од Комерцијална банка. Тие ја прозиваат и ја тагираат банката на социјалните мрежи со прашања кога ќе си го средат системот и дали се свесни дека од утре почнуваат Илинденските празници, период во кој банкарските услуги се повеќе од потребни поради патувањата и слободните денови.
Инаку, ваквата состојба трае веќе една недела и предизвика револт и незадоволство кај клиентите на банката.
Оттаму на 27 јули на нивниот Фејсбук профил соопштија дека сервисите Интернет банка и мБанка на Комерцијална банка АД Скопје се целосно функционални.
„Од понеделник, шалтерите во експозитурите и филијалите на Банката ќе работат со редовно работно време и ќе ги извршуваат сите активности. Како што веќе информиравме, од петокот (26.07) се извршуваат трансакциите со картичките на Банката во трговија и на банкомати. Ви благодариме на разбирањето и, воедно, се извинуваме за настанатите непријатности“, соопшти тогаш банката.
Сепак денешните реакции на граѓаните покажуваат дека банката се уште го нема целосно средено проблемот. Ви пренесуваме дел од реакциите на Фејсбук:
Каде е што прави Komercijalna Banka AD Skopje? Вчера не ми работеше картицата, денес целосно неупотребливо интернет…
Posted by Gjorce Stavreski on Среда, 31 јули 2019
Втор пат паѓа системот на Комерцијална во само неколку дена… луѓе имаат сериозни планови бе! Од утре празници. Што?!…
Posted by Gorjan Miloshevski on Среда, 31 јули 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Комерцијална банка со намалена добивка