Два милиона за Петриње и еден милион денари за Загреб е сумата која Град Скопје ќе ја испрати како помош за настраданите од катастрофалните земјотреси во овие два града во Хрватска во кои има човечки жртви и се повредени повеќе лица.
Од Град Скопје информираат дека Одлуката за давање помош, Советот ја донел на денешната итна вонредна седница.
-Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Град Скопје дава помош од 3 милиони денари, износ кој го доделуваме на сите градови за вакви и слични неприлики, се вели во соопштението.
На седницата, како што информираат, градоначалникот Петре Шилегов истакнал дека Скопје е град на солидарноста и знае што значи помош по вакви катастрофи и затоа во кординација со сите советнички групи во Град Скопје е свикана вонредна седница на Советот за да им се додели помош на пријателите од Загреб и од Петриња.