еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Град Скопје со 50.000 евра ќе помогне на Загреб, поради штетите од земјотресот

Градот Скопје како град на солидарноста и како збратимен град со Загреб ќе испрати хуманитарна помош по големите земјотреси коишто деновиве го погодија главниот град на Хрватска и предизвикаа голема материјална штета, информираат од таму.

„Одлуката за хуманитарна помош, која е во износ од 50 илјади евра, ја потпиша градоначалникот Петре Шилегов. Градоначалникот Шилегов телефонски разговараше со својот загребски колега Милан Бандиќ и, со оглед на околностите, затворените граници и вонредната состојба насекаде во светот, договорија помошта која вообичаено се состои од материјали и луѓе за помош при катастрофи, овојпат да биде симболична финансиска сума,“ информираше Град Скопје.

Во понеделникот во утринските часови Загреб беше погоден од серија на земјотреси, во кои има починати и повредени лица, а предизвикана е и поголема материјална штета во која се евидентирани над  5.500 оштетени објекти.

Скопје и Загреб се збратимени градови од 2011 година и досега имаа соработка во областа на образованието, спортот, сообраќајот и културата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Навивачите на „Динамо Загреб“ пренесуваа бебиња по земјотресот

(Видео) Силен земјотрес во Загреб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Снимен документарец за Дарко Панчев: Не сум Бред Пит, ама се снајдов солидно во снимањето

Редакција

За сите љубители на германската култура и јазик – Ден на отворени врати во Гете – институт Скопје

Редакција

УСЈЕ донираше медицинска опрема и апарати во јавното здравство во вредност од 100.000 евра

Редакција