еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Градежна мафија и слаби институции во држава каде владее мафијата“: Груевски за пресудата за „Космос“

Екс-премиерот во бегство Никола Груевски, кој доби деветгодишна казна затвор за случајот „Космос“ се произнесе на Фејсбук за пресудата.

„Ајде кажи ми како сега да ги рушам некои објекти кои се за рушење, кои се незаконски изградени, после се ова што ти се случува тебе и на другите? Па подобро да одговарам за не срушено нешто што требало да се сруши, отколку за срушено а што требало да се сруши”.

Ова прашање ми го постави пред околу две недели во телефонски разговор еден актуелен градоначалник во Македонија, на кое експресно самиот си одговори, за да заврши со зборовите: „Злобата во Македонија расте и допрва ќе расте. Помирувањето е веќе мисловна именка”.

Зборовите на градоначалникот со чии дел од разговор го започнав овој текст беа кажани по завршните зборови на судскиот процес „ТНТ”, кој се однесува на срушена свесно изградена дивоградба на раскалашен пратеник кој мислел дека преку функцијата се може да направи и секаков закон може да изигра.

Објектот дивоградба бил изграден спротивно на закон во делот на подземната градба (подземен гаражен простор), и доказот за тоа постои и денес и ќе продолжи да постои затоа што инвеститорот ТД „ФИНЕ” доо сопстевност на Фијат Цановски, наместо три подземни ката гаражен простор како што била дозволата за градба, изградиле само два подземни ката и 1,40 метри помалку длабоко од предвиденото во дозволата.

Ова го направиле со цел да заштедат околу два милиони евра, односно за толку да им биде повисок профитот, бидејки кога дошле на длабочина од две подземни нивоа им се појавила вода за чија санација заради копање за трето подземно ниво требало да инвестираат додатни два милиони евра, што би им го намалило планираниот профит.

При носење на одлуката да не се продолжи со копање за да се изгради и третото подземно ниво, истиот сметал дека со својата политичка и матерјална моќ политички ќе го реши проблемот, затоа што во моментот кога ја носел одлуката бил пратеник и верувал дека е семоќен,“ вели меѓудругото Груевски во објавата.

Тој додава дека сите знаат се и независно кој од која политичка провиненција е, после ова што се случува со овој предмет во обвинителството и судот, никој нема храброст да излезе на терен и да постапи по закон.

„Дивоградбата ќе се догради, становите и дуќаните ќе се продадат и на крај сите ќе кажат дека е доцна да се руши зграда дивогрдба полна со вселени станари со платени станови. Тоа во најмала рака се вика „градежна мафија и слаби институции во држава каде владее мафијата“ и не спроведување на правото, но тоа има корен токму во овие политички прогони, кои во овој случај имаат и криминални мотиви, односно мотиви некој да добие и подели 11 милиони евра оштета,“ пишува Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Не може да се вратат годините, загубите и стресовите кои ги имавме како фамилија со ниту едни пари„, вели Цаноски за пресудата за „Космос“

За рушењето на “Космос“, Груевски доби девет години затвор, а Јанакиески три

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Реплек АД“ со раст од 44% на приходите од продажба во сегментот фармација

Редакција

(Видео) Во Берово утре пак јавно ќе се мачат коњи

Редакција

Брачен пар од Македонија заглавен во Газа, се прават напори да се вратат преку Египет

Редакција