еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Градежниците во првото полугодие договориле бизнис во странство вреден 198 милиони денари, повеќе за 44,2% од лани

Во првите шест месеци од годинава македонските градежни компании договориле градежни работи во странство во вкупна вредност од 198,286 милиони денари, што е за 44,2 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари − јуни 2023 година, македонската градежна оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 89,31 милиони денари, што е за 25,5 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Најмногу од договорените работи во првите шест месеци од годинава во вкупна вредност од 163,695 милиони денари треба да се реализират во Германија, по што следи Црна Гора со 15 милиони, Србија со 11,042 милиони, Бугарија со 5,651 милион и Чешка Република со 2,898 милиона денари.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На распродажба имотот на ТВ Нова: Се нудат автомобили, камери, компјутери…

Редакција

(Фото) „Skopje Run 10K“ го исполни Скопје со позитивна енергија

Редакција

Велешки “Ветекс“ во првото полугодие со добивка

Редакција