еМагазин
Image default
Македонија

Градоначалникот на Бутел во самоизолација откако имал контакт со Лукаревска

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски од вчера е во самоизолација, поради средбата со директорката на УЈП Сања Лукаревска која е позитивна на Ковид-19.

„После вчерашната вест за позитивниот тест на Ковид -19 на Сања Лукаревска, а поради средбата која ја имав со неа минатата недела, од вчера, а во интерес на граѓаните, самоиницијативно сум во самоизолација, и покрај тоа што при нашата средба целосно ги почитувавме мерките за заштита и обајцата“, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот Смилевски.

Тој додава дека денеска го направил тестот за Ковид-19 и резултатот го очекува во текот на утрешниот ден.

„Во моментов немам никакви симтоми и се чуствувам добро. И посакувам на мојата пријателка Сања Лукаревска и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација брзо оздравување и добро здравје. Апелирам да не го потценувате вирусот да бидете максимално внимателни и да ги почитувате мерките за заштита“, пишува Смилевски на ФБ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на „Службен весник“ во самоизолација, бил во контакт со Лукаревска

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска позитивна на корона вирусот

Спасовски е негативен на корона вирусот, но сепак ќе остане во изолација

Фото: Фејсбук/Смилевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сметката на „Секјуриком“ ќе биде одмрзната за исплата на платите за јули и август

Редакција

Лажни се пријавите за бомби во скопските основни и средни училишта

Редакција

За најмногу четири месеци треба да се сменат регистарските таблички од МК со NMK

Редакција