Проектниот конзорциум составен од компаниите Гранит АД Скопје и Интеграл Инженеринг од Лакташи на 20.03.2019 година во Бања Лука потпиша договор со Јавното претпријатие „Автопати“ на Република Српска за изградба на првата фаза на автопатот во рамки на коридорот 5Ц кој минува низ Република Српска – правец помеѓу клучката Јоховац (Товир) и Руданка (Костајница), во вредност од 62,5 милиона евра, информираат од Стопанска комора.
Проектниот конзорциум досега има изведено автопатишта во должина од околу 100 км на територитјата на Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и Словенија, меѓу кои и автопатот „9 јануари“ од Бања Лука до Добој како еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Република Српска.
Коридорот 5c на територија на Република Српска е предвиден со должина од 46,6 км и проценета вредност од околу 500 милиони евра.
Според соопштението на Јавното претпријатие „Автопати“, предвидено е да се гради во 4 фази, при што првата фаза е во вкупна должина од 6 км.
Фото: Влада