Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – јуни 2023 година на Гранит АД Скопје изнесуваат 2.239.244 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2022 година бележат зголемување за 16%, информираат од таму преку Македонската берза.
-Приходите од продажба за периодот јануари – јуни 2023 година изнесуваат 2.126.796 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2022 година бележат зголемување за 20%.
Финансиските приходи за периодот јануари – јуни 2023 година изнесуваат 60,736 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2022 година бележат намалување за 17%.
Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – јуни 2023 година се во износ од 2.159.087 илјади денари, споредено со истиот период 2022 година бележат зголемување за 16%.
Во периодот јануари – јуни 2023 година, Друштвото оствари позитивен резултат (добивка) во износ од 80.156 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува исто 80.156 илјади денари пред се поради фактот дека нема промена во пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во првата половина на 2023 година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На менаџментот на Гранит лани исплатени 65,6 милиони денари
Директорот на Гранит, Зоран Милковски купи 6.137 акции на компанијата