Групацијата Аутомакедонија во првиот квартал од 2021 година (01.01.2021 – 31.03.2021) оствари нето добивка пред оданочување во износ од 4,4 милиони денари, пораст од 190% во однос на 2020 година, информира компанијата преку Македонската берза.
„Истата е резултат на оперативното работење, согледано преку остварената оперативна добивка во износ од 5.9 милиони денари (во 2020 година за истиот период остварена е оперативна добивка од 2.76 милиони денари).
Ова е резултат на зголемени приходи од продажба за 40% во однос на 2020 година, во најдиректна поврзаност со зголемена продажба на автобуси во периодот.
Следствено и набавната вредност на продадени производи ја следи динамиката на приходите, додека сите останати трошоци на работењето се намалени за 4% во споредба со минатата година“, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Аутомакедонија лани со намалена добивка