еМагазин
Image default
Бизнис

Групацијата Макпромет во првите шест месеци од годинава со добивка

Групацијата Макпромет АД Штип во првите шест месеци од 2021 година оствари финансиски резултат во износ од 12,501 илјади денари, соопшти Групацијата преку Македонската берза. 

“Остварените оперативни приходи во 2021 година се во износ од 140,571 илјади денари и се состојат од: приходи од продажба на производи во домашен пазар во износ од 59,787 илјади денари, приходи од продажба на производи на странски пазар во износ од 69,783 илјади денари, приходи од наменини во износ од 6,520 илјади денари, останати оперативни приходи во износ од 4,481 илјади денари.

Вкупните оперативни расходи изнесуваат 128,070 илјади денари и се состојат од: трошоци за суровини и материјали и електрична енергија во износ од 71,037 илјади денари, набавна вредност на продадени материјали во износ од 8,866 илјади денари, услуги кои имаат карактер на материјални трошоци во износ од 16,013 илјади денари, трошоци за плати и други надоместоци на вработените во износ од 21,464 илјади денари, останати оперативни трошоци во износ од 10,690 илјади денари.

Групацијата има вложувања во градежни објекти за 227 илјади денари, а во постројките и опремата за 979 илјади денари“, информираат од Групацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Макпромет“ лани со добивка од 10,5 милиони денари

„Макпромет“ оствари добивка од 16,6 милиони денари за девет месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владимир Ефтимоски купи акции од Стопанска банка Битола

Редакција

Штерјо Наков и Драган Наков избрани за членови на Одборот на директори на Лотарија на Македонија

Редакција

Просечната каматна стапка на нови кредити на историски најниско ниво

Редакција