Градски трговски центар (ГТЦ) АД Скопје во првите шест месеци од годинава оствари добивка во бруто износ од 8.058 илјади денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Во овој период Друштвото остварило вкупни приходи од 111.850 илјади денари, кои се поголеми за 19%, споредено со истиот период лани, а вкупните трошоци изнесуваат 103.792 илјади денари и истите споредено со претходната година се повисоки за 3%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шеваљ Цеку и Насер Алиу избрани за неизвршни членови на Одборот на директори на ГТЦ
„Енерџи активе“ го доби тендерот на ГТЦ за набавка на струја вреден 767.000 евра
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.