еМагазин
Image default
Техно

Хакирани 500 милиони корисници на социјалната бизнис-мрежа „Линкдин“

Социјалната бизнис-мрежа „Линкдин“, која е во сопственост на Мајкрософт е најновата „жртва“ на масовно протекување на информации, при што сајбер-криминалци, наводно хакирале околу 500 милиони кориснички профили, информираше cibernews.com.

Светските медиуми пренесуваат дека на еден хакерски форум продадени се два милиони податоци, тврдејќи дека потекнуваат од „Линкдин“.

Од оваа социјална мрежа потврдија дека некои хакери на своите форуми навистина објавиле продажба на податоци од „Линкдин“. Хакерите тврдат дека се работи за половина милијарда профили, но засега не е познато дали таа бројка навистина е точна.

Портпаролот на компанијата, изјави дека компанијата се уште го истражува овој проблем.

Фото: Photo by inlytics | LinkedIn Analytics Tool on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продавница со нов концепт во Телеком управната зграда

Редакција

Активирајте ја апликацијата „Стоп корона“ и помогнете заеднички да се победи коронавирусот

Редакција

Дигиталната трансформација е двигател на економскиот раст на земјите од Западен Балкан

Редакција