Министерството за внатрешни работи по распишаниот тендер за набавка на услуги за колективно осигурување на вработени и осигурување од автоодговорност, автокаско и зелен картон склучи договор со друштвото за осигурување „Халк осигурување“ АД Скопје
Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 71.390.000 денари или 1,1 милиони евра.
МВР склучи и договори со „Евроинс осигурување“ и АД „Осигурителна полиса“.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.