еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Хазби Лика доаѓа на работа, не е редовен на седници на Владата

Вицепремиерот за спроведувањето на Рамковниот договор, Хазби Лика, доаѓа на работа и си ги извршува обврските, но не е редовен на седниците на Владата, велат за еМагазин од Владата.

Пред извесен период Лика беше актуелен токму поради неговите работни обврски.

Кога премиерот Зоран Заев неодамна јавно соопшти дека се планираат одредени смени во Владата, најчесто се вртеше неговото име.

„Ако некој министер не доаѓа во Владата, логично е дека треба Владата да седне, да размисли, тоа да се промени. Тоа е редот на работите. Секако разговараме со коалициските партнери, кои споделиле одговорност со нас и во делот на другите ресори“, рече тогаш Заев.

Неофицијално, медиумите изминатиов период пишуваа дека Лика е револтиран од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој во една внатрепартиска битка не го поддржал, туку застанал на страната на друг висок партиски функционер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денот кога вест стана дека вицепремиерот Хазби Лика почнал да доаѓа на работа

Кој е Хазби Лика, кој може да биде меѓу првите што ќе остане без функција во најавената смена на министри

Вицепремиерот Хазби Лика мераклија за кафеани и ресторани

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На „Бехтел и Енка“ во моментов и требаат 2.000 работници, аплицирале само 360 заинтересирани

Редакција

Поткуп од 1.500 денари за глас на изборите во Кочани

Редакција

Пожар кај Василево се гаси со хеликоптер, може да се прошири на две села

Редакција