еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Хоспитализирани уште две деца со мали сипаници: Моментално болни 20 деца и двајца возрасни

Министерството за здравство информира дека денеска до 10:00 часот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се хоспитализирани уште две деца суспектни на морбили.

– Станува збор за едно дете од селото Крушопек-Сарај и има една година и едно деветмесечно дете од населбата Шуто Оризари, двете невакцинирани. Тоа значи дека во моментов има 22 болни од морбили, од кои 20 се деца и двајца се возрасни, се појаснува во соопштението од Министерството за здравство.

Во вакциналните пунктови во Скопје до 13 часот вакцинирани се 10 деца или вкупно до денеска 1,904 лица ја примиле МРП вакцината.

Од Министерството за здравство уште еднаш повикуваат на вакцинација на децата, иако е прогласена епидемија од морбили. Има доволно количини од МРП вакцините.

Се апелира до родителите, уште утре да ги вакцинираат своите невакцинирани деца во вакциналните пунктови, пред почнувањето на второто полугодие. Апелот, стои во соопштението, важи за сите основни училишта во државата.

– Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со добар квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење, се подвлекува во соопштението од Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите и како се пренесуваат мали сипаници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Рекорд на Бијонсе на Греми наградите

Редакција

(Фото) Македонците несвесни за убавината на земјата: Голем Град вистинска реткост

Редакција

Жител на гостиварско Корито застрелан во стомак од огнено оружје

Редакција