еМагазин
Image default
Бизнис

„Хотели-Метропол“ лани оствари добивка од 37,7 милиони денари

„Хотели-Метропол“ А.Д. Охрид во 2019 година оствари позитивен финансиски резултат остварувајќи нето добивка од 37.760.000 денари и истата е зголемена споредено со деловната 2018 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Приходи од работењето на „Хотели-Метропол“ А.Д. Охрид за 2019 година изнесуваат 211.655.000 денари и истите гледано споредбено со 2018 година се зголемени. Од овој приход на основната дејност на фирмата отпаѓаат најголем дел, односно 209.870.000 денари што покажува зголемување  за  7% во однос на 2018 година, исто така останатите приходи во износ од 1.785.000 денари се зголемени во однос со истите од минатата година. Финансиските приходи се зголемени во однос на 2018 година и изнесуваат 3.134.000 денари.

Расходите од работењето во износ од 170.719.000 денари, бележат зголемување од 5% во однос на расходите во 2018 година. Најголемо учество во вкупните расходи од 38,4% имаат трошоците за вработени во износ од 65.584.000 денари, кои споредбено со 2018 година се зголемени за 6%.

Трошоците за суровини и материјали во износ од 60.109.000 денари се  значајна ставка во расходите со 35,21% учество во вкупните расходи и истите се на исто ниво во однос на 2018 година. Финансиските расходи бележат опаѓање во однос на истите од претходната година“, информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поскапуваат до денар, а дизелот за 1,5 денари

Редакција

Македонските иселеници имаат добри можности за инвестирање во компании кои котираат на Македонската берза, вели Костадиновски

Редакција

(ВИДЕО) Владин тим на гости во Алкалоид, Мукаетов најави инвестиции од најмалку 50 милиони евра за 5 години

Редакција