еМагазин
Image default
Бизнис

Хотели Метропол со загуба во првите шест месеци

Хотели Метропол АД Охрид за периодот јануари – јуни 2021 година оствари негативен финансиски резултат искажани во неревидираниот Биланс на успех, информира компанијата преку Македонската берза.

“Приходите од работењето на Хотели Метропол за периодот јануари – јуни 2021 година изнесуваат 20.205 илјади денари и покажуваат зголемување од 100% во однос на приходите за овај период 2020 година.

Од овој приход на основната дејност на друштвото отпаѓа најголем дел, односно 11.292 илјади денари. Останатите приходи во износ од 8.913 илјади денари бележат зголемување во однос на минатата година.

Финансиските приходи бележат намалување во однос на истите во првиот семестар од 2021.

Хотели Метропол во првиот семестар на 2021 година оствари негативен финансиски резултат остварувајќи загуба од 30.309 илјади денари.

Расходите од работењето во износ од 50.138 илјади денари, бележат зголемување од 2 % во однос на расходите за овај период во 2020 година. Најголемо учество во вкупните расходи со 46% имаат трошоците за вработените во износ од 23.103 илјади денари, кои бележат намалување од 7%.

Трошоците за суровини и материјали во износ од 9.060 илјади денари имаат учество од околу 18% во вкупните расходи, односно се зголемени за 24% во однос на иститот период минатата година.

Останатите трошоци бележат исто така намалување во однос на истите од претходната година. Финансиските расходи бележат намалување во однос на истите во претходната година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За плата, надоместоци и награди на менаџментот на Хотели Метропол лани исплатени 1,8 милион денари

Хотели Метропол поради ковид-кризата лани во загуба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Работници од Индија пристигнале на фарма и во млекара во Свети Николе: Почна увозот на странски работници и во земјоделскиот сектор

Редакција

Распродажба во УЈП: Се продаваат 6 дуќани во струмички „Глобал“, автомобили…

Редакција

Звучни имиња на новата листа должници на УЈП

Редакција