еМагазин
Image default
Бизнис

„Хотели-Метропол“ со загуба во првото полугодие од годинава

Приходите од работењето на „Хотели-Метропол“ А.Д. Охрид за периодот јануари- јуни 2019 година изнесуваат 66.690.000 денари и покажуваат намалување од 7% во однос на приходите за овај период 2018 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Од овој приход на основната дејност на друштвото отпаѓа најголем дел, односно 66.272.000 денари. Останатите приходи во износ од 418.000 денари бележат намалување во однос на минатата година. Финансиските приходи бележат зголемување во однос на истите во првиот семестар од 2018.

„Хотели-Метропол“ А.Д.Охрид во првиот семестар на 2019 година оствари негативен финансиски резултат остварувајќи загуба од 7.349.000 денари“, соопшти компанијата.

Фото: Хотели Метропол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкава плата имал лани директорот на Макошпед

Редакција

Народната банка регистрира раст на цените на становите

Редакција

Раст на извозот за 18,3, а на увозот за 26.2%

Редакција