еМагазин
Image default
Македонија

Христијаните го слават празникот Голема Богородица: Мајката на Христос со шамија го најавила Успението

Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица е еден од најголемите христијански празник посветен на Марија, мајката на Исус Христос.

Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување.

Иако Епифаниј од Саламис напишал дека никој не ја знаел судбината на Марија, барем од V век постојат наводи за успението на Марија. Најстариот запис е „Книгата на сеќавањето на Марија“. Иако книгата е најверојатно од IV век, текстот може да е и постар, дури и од III век. Исто така, и во ракописи на сириски од V и VI век..

Подоцнежни написи кои го потврдуваат успението на Марија се книгата De Obitu S. Dominae, која му се припишува на Свети Јован Благослов од VI век, како и книгата De Transitu Virginis од доцниот V век која му се припишува на Свети Мелитон од Сардис, кајшто се раскажува и дека „апостолите до смртната постела на Марија биле донесени на бели облачиња, секој од градот кајшто проповедал во моментот“.

Во некои верзии на приказната се вели дека настанот се случил во Ефес во куќата на Марија, а во најстарите традиции настанот се лоцира во Ерусалим. Во некои подоцнежни верзии, се раскажува дека Апсотолот Тома задоцнил на погребот и подоцна кога стигнал и го отворил камениот гроб виделе дека телото го нема и заклучиле дека, како и Исус, и Марија воскреснала и заминала на небото. Исто така, се раскажува дека Марија им ја фрлила шамијата на апостолите од небото како доказ за нејзиното успение.

Фото: Википедија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повлечен списокот на лица предложени за помилување од Пендаровски

Редакција

Државата гори: Пожари речиси на целата територија, ситуацијата повеќе од алармантна

Редакција

Мицкоски и Радев се сретна во Лондон, во рамки на Самитот на Европската политичка заедница

Редакција