еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Хрватска ја „тресе“ афера со проневера на тендери: Првпат во еден ден им е укинат имунитетот на тројца пратеници

Управата за сузбивање на корупција и криминал (УСКОК) во Хрватска почна истрага против директорот на компанијата „Јанаф“, Драган Ковачевиќ и уште десетмина други лица, кои се осомничени за проневера со тендери.

Ковачевиќ е на чело на “Јанаф“, државна компанија што доставува сурова нафта преку цевководи, од 2012 година.

УСКОК за 10 од 13 осомничени во аферата „Јанаф“ побара притвор поради можно влијание врз сведоците. Помеѓу осомничените се и градоначалниците на Нова Горица и на Нова Градишка, Дражен Баришиќ (ХДЗ) и Винко Гргиќ (СДП), на кои вчера им беше укинат пратеничкиот имунитет откако беа уапсени.

Пратеничкиот имунитет му е одземен и на Дарко Пуљашиќ (ХДЗ).

Првпат во Хрватска во еден ден им е укинат имунитетот на тројца пратеници.

Приведените лица се товарат за фаворизирање на фирми во распределбата на милионски бизниси, додека Ковачевиќ е осомничен и за примање мито.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: УЈП распродава запленети телевизори за да наплати данок

Редакција

„Макпетрол“ ја пушти во употреба обновената бензинска станица во Гостивар

Редакција

Убава вест: 265 оздравени од Ковид-19

Редакција