еМагазин
Image default
ЖИВОТ

И денеска нестабилно време, со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Денеска времето ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

На одредени места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, повремено нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 29 степени.

Во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето.

Во вторник попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на локално невреме.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МПЦ се огради од свештеникот Здравевски кој вели дека со примањето на вакцина луѓето го примале ѓаволот

Редакција

71% од новите случаи со Ковид-19 се невакцинирани

Редакција

За викендот не очекува сончево време со умерена облачност

Редакција