еМагазин
Image default
Македонија

И друго бугарско здружение во Македонија загрижено за Бугарите во земјава

Загриженост за самоопределувањето на Бугарите во Македонија пристигна од уште едно здружени на етнички Бугари во македонија, „Македонско-Бугарско пријателство“.

“Поттикнати од зголемениот интерес во овие неколку дена, чувствуваме обврска да се обратиме на овој начин, со цел колку што можеме, да одговориме на прашањата за кои се интересирате.

Прво, согласно Законот за Бугарско Државјанство од 1999 година на лицето може да му се одземе истото, доколку се докаже дека во текот на постапката дало лажни податоци.

На македонските граѓани кои деновиве се известени за такво нешто, а кои се наоѓаат надвор од Република Македонија, им препорачуваме да се обратат до Дипломатско конзуларните претставништва на Република Бугарија.

Здружението „Македонско-Бугарско пријателство“, на ниеден начин не може (дури и да сака) да влијае на таквите правни постапки.

Второ, согласно измените во погоре наведениот закон, потенцијалните апликанти од Република Македонија, во иднина ќе можат полесно да се стекнат со државјанство на Република Бугарија.

Се надеваме дека овие информации ќе им бидат од корист на оние кои последниве денови ги „вжештија“ телефонските лини на нашето здружение.

Понатаму, ја користиме оваа можност да истакнеме дека ги разбираме и ја споделуваме загриженоста на Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола за атмосферата на несигурност на лицата кои себе си се идентификуваат како „Бугари или македонски Бугари“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој стои позади културниот центар Иван Михајлов од Битола, кој ја крена Бугарија на нозе

Впрочем, самата идеја за формирање на МБП е афирмацијата на фолклорот, културата,традициите и зближувањето на сите кои имаат потекло од Македонија.

Ние ги перцепираме како сонародници и инспиратори и Ted Kotcheff – Величко Тодор Костадин и Милчо Манчевски (нека ни простат што ги користиме како пример). Творештвото на Димитар Талев и Пеју Јаворов го гледаме како не така дамнешен крик за слобода и правда.

И сосема за крај, без да навлегуваме во „политички импликации“ во и онака исполитизираниот попис во Република Македонија, ги охрабруваме пред се, нашите членови, да се изјаснат онака како што се чувствуваат и притоа воопшто да не „лицитираат“ или да се грижат за бројките. Бројките се важни, луѓето уште повеќе!“, велат од здружението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија треба до јуни да дозволи регистрација на сите македонски здруженија, тоа е главниот проблем, вели нивниот адвокат

Бугарија многу често почна да се меша во внатрешните работи на Македонија

Која е бугарската фирма “Scalefocus“ која ја изработи апликацијата за самопопишување на дијаспората

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откако беа оштетени таблите: Спомениците во Скопје ќе бидат под засилен надзор

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во последното деноноќие

Редакција

Последниот регистриран пред неколку дена: 111 импортирани случаи на Ковид-19 во Македонија

Редакција