еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

И еМагазин е дел од него: Од денеска достапен Регистарот на професионални онлајн медиуми „Промедиа“

Од денеска за јавноста е достапен Регистарот на професионални онлајн медиуми „Промедиа“, www.promedia.mk.

На него во првата фаза се најдоа 67 медиуми кои ги исполнуваат условите што беа воспоставени од Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ).

Постапката се одвиваше според критериумите усогласени меѓу СЕММ и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), по примери од практиката во развиените демократски општества и Советот на Европа, а беше консултирана и новинарската, медиумската и бизнис заедницата.

Силна поддршка имаше и од Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ).

Кон процесот на креирање на овој регистер се приклучи активно и Стопанската комора на Македонија, со цел членките на комората, но и медиумите да имаат полесен пристапот до реклами на бизнис заедницата во професионални онлајн медиуми, наспроти оние кои не ги исполнуваат критериумите за членство и редовно ги прекршуваат етичките стандарди.

Дел од Регистарот е и еМагазин, а истиот можете да го погледнете ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Опожарено возило на неговиот сосед, нејасно зошто Груби смета оти инцидентот е против неговата работа

Редакција

Поголеми плати од 2.000 до 3.000 денари за вработените во јавните здравствени установи

Редакција

Вработените во ЈСП добија плати, градскиот сообраќај функционира нормално

Редакција