еМагазин
Image default
Македонија

И потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски најавува нови „бомби“

По објавувањето на пет аудио снимки на канал на Јутјуб, за неговиот сопартиец, Антонио Милошоски, на Фејсбук, нови „бомби“ најавува и потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

“Како дојдовте така ќе си одите! Ќе те отвориме како пупка… Се слушаме наскоро…“, напиша тој на Фејсбук.

Нови бомби најави и Милошоски. Тој тврди дека зад пуштањето во јавноста на новите снимки, стои лидерот на СДСМ, Зоран Заев и преку Фејсбук му порача дека ќе го отвори како пупка.

“Изгледа силно Ве здоболе објавата на двата материјали за вашите незаконитости, кои ми беа доставени од укажувач. И во право сте, допрва ќе ве боли. Како дојдовте, така ќе си одите!

Укажувачите ќе стануваат се побројни и се посмели, а јас уште помотивиран и во служба на јавниот интерес. Ќе Ве отворам како пупка! Се слушаме наскоро“, напиша Милошоски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимките на Јутјуб за Милошоски најава дека ќе се пукаат „бомби“ на сите страни

Спасовски не ги слушнал „бомбите“ за Милошоски, се што имале во СДСМ предале на СЈО

Милошоски вели дека „бомбите“ се од времето на Мијалков, на Заев му порача дека ќе го отвори како пупка

(АУДИО) „Пукнаа„ пет „бомби“ за Антонио Милошоски

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелација: Катица Јанева останува во притвор, оти се уште постои ризик за бегство

Редакција

Даниела Стојановска – Пановска нова пратеничка на местото на Зеќир Рамчиловиќ, кој стана амбасадор

Редакција

Јанева: Милошоски многу се занесува

Редакција