И во Скопје и во Атина и официјално се демнатира дека, како што шпекулираа грчките медиуми, „грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе побара ООН да одобри дополнителен протокол кој ќе го допрецизира Преспанскиот договор во смисла дека ќе дава многу ограничен простор за наведувањата на јазикот и нацијата“, пишува Мета.
Според портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, станува збор за „лажна вест на грчките медиуми“, која во меѓувреме ја демантирала и владата во Атина.
Бошњаковски вели дека во тоа што го тврдат грчките медиуми нема вистина, односно дека не е точно дека сега „Грција се обидува да ги „минимизира штетите“, наводно со дополнителен протокол кој би се усвоил во ООН“.
Пишувањата на грчките медиуми доаѓаат по изјавите на премиерот Зоран Заев во Собранието за учењето на македонскиот јазик во Грција, за неговата употреба, и за „Егејска Македонија“.
Како што пишуваше атинска „ИЕфимерида“ сега, кога веќе владата во Атина станала свесна дека терминот „македонски јазик“ останува во употреба кај северниот сосед, се обидува да најде начин како да одговори и да ги „минимизира штетите“, наводно со дополнителен протокол кој би се усвоил во ООН.
Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос веќе побара од Генералниот секретар на НАТО да се спротивстави на интерпретациите на Преспанскиот договор во Македонија за да се оневозможи признавање „македонски народ“ и да се потенцира дека јазикот во грчката северна сосетка е словенски.
Според медиумите, Грција ги информирала и САД дека Преспанскиот договор нема да биде ратификуван во грчкиот парламент без такви гаранции.
Мета/Фото: Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција ќе бара од ООН дополнителен анекс на Преспанскиот договор за македонскиот јазик