еМагазин
Image default
Локално

И тоа го има: Се обиделе да ја запалат Евангелската црква во село Чефлик

Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи најостро го осудува сквернавењето и обидот за палење на верскиот храм на Евангелската црква во Македонија во село Чефлик, општина Чешиново-Облешево.

„Изразувајќи најискрено жалење што за време на најголемиот христијански празник Божик, злонамерници предизвикувајќи материјална штета ги повредиле верските чувства и права на граѓаните припадници на оваа верска група, очекуваме институционално утврдување на фактичката состојба и кривично-правна одговорност за сторителите, се со цел спречување на ваквите немили настани и гарантирање на правата и слободите на човекот и граѓанинот“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сузбиена група од Косово што крадела од банкомати

Редакција

(Фото) Падна таванот во тоалет во битолско училиште, лесно повредена ученичка

Редакција

Термин за итна постапка за фотографирање за пасош во Скопје се добива за еден ден, тврди Тошковски

Редакција