еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

И укинувањето на санкциите против Русија се дел од преговорите со Украина, откри Лавров

Укинувањето на санкциите наметнати на Русија е дел од мировните преговори меѓу Москва и Киев, кои се тешки, но продолжуваат на дневна основа, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

– Руската и украинската делегација всушност секојдневно разговараат преку видео врска за нацрт за евентуален договор, истакна Лавров.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски од почетокот на инвазијата на 24 февруари инсистира западните санкции кон Русија да бидат посилни и истите да не бидат дел од преговорите.

Последните преговори помеѓу Украина и Русија лице в лице беа на 29 март, а атмосферата се влоши поради украинските обвинувања дека руските сили извршиле злосторства додека се повлекувале од областите во близина на Киев. Москва ги отфрли обвинувањата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на „Водовод и канализација“ за набавка на горива вреден 402.000 евра

Редакција

Убава вест: Оздравени 94 пациенти кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Денеска почнува летото

Редакција