еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Идната министерка за финансии, Ангеловска: Ќе вложам максимум во домаќинско раководење со парите на граѓаните

По изјавата на премиерот Зоран Заев дека ќе достави предлог до Собранието, Нина Ангеловска да биде министерка за финансии, таа се огласи на својот фејсбук-профил:

„По речиси 10 години домашно и интернационално искуство и значителна меѓународна препознаеност на мојата напорна работа и придонес, чест ми е што моето знаење, потенцијал и ентузијазам за промени, се препознаени да бидат ставени во функција на прогресот на нашата држава. А честа е уште поголема затоа што основaта е целосно непартиска.

Понудата ја гледам како шанса, да бидам предводник на промени во земјата во која ја планирам и својата иднина.

Со прифаќање на овој голем предизвик, подготвена сум целото свое стекнато знаење, менаџерски способности и бизнис искуство, да ги вложам за најдобро вршење на оваа исклучително одговорна фукнција, носење на најдобрите информирани одлуки за нашата земја и граѓаните, брзо апсолвирање и одговорно делување.

Спремна сум да се вложам во прогресивни фискални политики со кои ќе креираме силна економија за граѓаните и ќе ги задржиме младите во државата. Ова е време на технологии, вештини, развој на модерното претприемништво и нови бизнис модели, дигитални комуникации и производство. Таму го гледам развојот на земјата. Конечно, ќе вложам максимум во унапредувањето на фискалната транспарентност и домаќинско раководење со парите на граѓаните“, напиша таа на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Коста Петров, новиот потпреседател на СДСМ: ПР-експерт, бизнис-автор и следбеник на кабала

Коста Петров за потпретседателското место во СДСМ: Немањето искуство во политиката го сметам за адут

За потпретседатели на СДСМ се избрани Царовска, Петров, Спасовски, Зекири и Манчевски

ЦО на СДСМ: Наумовска, Колемишевски, Мехмедовиќ ќе бидат номинирани за нови заменици-министри

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Кој е одредот Азов, што го брани Мариупол и зошто им е важно на Русите да го освојат оваа украинско пристаниште

Редакција

Ленин Јовановски се повлекува од неговата улога во протестите, блокадите продолжуваат

Редакција

Во Вардар најдено телото на 25-годишно момче, кое се водеше за исчезнато

Редакција