еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

„ИГМ Џумајлија“ и „Даблју еко“ ќе останат без А-интегрираните еколошки дозволи

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) на својот официјален Фејсбук профил објави дека се донесени решенија со кои на трговското друштво „ИГМ Џумајлија“ ДОО – село Сарамзалино, Лозово, како и на правниот субјект Друштво за собирање, складирање, управување и обработка на отпад, трговија и услуги „Даблју еко“ ДООЕЛ – Скопје, подружница Желино им се одземаат А-интегрираните еколошки дозволи.

Според ДИЖС, на „ИГМ Џумајлија“ дозволата и е одзмена поради непостапување по условите и задолжувањата, односно поради невршење на активноста во обем и во време утврдено со дозволата. Трговското друштво е задолжено да ја го подмири долгот по основ на годишен надоместок за поседување на А-интегрираната еколошка дозвола, која ја добило на 31 мај 2019 година.

„Даблју еко“ ДООЕЛ – Скопје, подружница Желино, пак, како што информира ДИЖС, не ја ставила во функција инсталацијата за третман на пластика и отпад од пластика лоцирана во Желино од 20 јули 2022 година, кога ја добила А-интегрираната еколошка дозвола. Поради тоа, не се извшрени мерења на емисии во воздух, вода и бучава согласно пропишаната фреквенција во дозволата. 

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Туск до Пендаровски: Не сите земји членки на ЕУ се подготвени за одлука за датум наредните денови

Редакција

(Видео) Како ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот „Македонија“ ја прослави победата во првиот круг од претседателските избори

Редакција

Нов раст: 126 случаи на заболување меѓу здравствени работници

Редакција