еМагазин
Image default
Македонија

Имаме недвојбена поддршка не само од Холандија, туку од сите земји членки на ЕУ, вели Османи

Имаме недвојбена поддршка не само од Холандија, туку од сите земји членки на ЕУ. Останува прашањето со Република Бугарија, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање во однос на информациите во некои медиуми дека и Холандија и Данска се против почнување на преговори на земјава со Унијата.

Османи рече дека денеска имало реакција и од Холандската амбасада во Скопје, кои ги демантираат овие работи.

– Холандскиот министер за надворешни работи во холандскиот парламент јасно ја образложи поддршка на Холандија за започнување на преговори на Северна Македонија, констатирајќи го прогресот на земјата и во делот на надминување на разликите и во делот на реформскиот пат, рече Османи.

Во однос на работата на специјалниот владин претставник за Бугарија, Владо Бучковски, Османи рече дека предлогот за негово назначување било на МНР, во координација со премиерот, а со цел да се додадат дополнителни механизми во враќање на довербата и создавање на предвидливост во имплементација на Договорот, во услови кога немаме амбасадор во Софија.

– Мислам дека улогата на еден таков мост на комуникација, од профилот на поранешен премиер ќе даде порака дека сме сериозно посветени на билатералните односи и имплементација на Договроот.

Но, мислам дека ќе биде и добра можност за интензивирање на комуникацијата, изјави Османи.

Тој посочи дека се прават аранжамни за негово заминување во Софија, и веќе идната недела да може да ги има првите средби.

– За што се разговара, веќе рамката е утврдена уште од 2017 година во Договорот за добрососедство. Во моментот и работните групи и јас и премиерот разговараме за надминување на разликите во очекувањата и во погледите по однос на прашњата.

Се надевам дека Бучковски ќе биде примен во Бугарија на највисоко можно ниво за да може да разговараме отворено за можностите за надминување на разликите уште сега, за да може да пристапиме кон одржување на првата меѓувладина седница, изјави Османи.

Тој посочи дека Бучковски ќе работи под инструкции и во рамки на МНР и Владата, а аранжманите за неговите посети и средби ги прави Министерството, во координација со него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Холандската амбасада го демантира бугарски „24 часа“: Лажна е веста дека Холандија стои зад бугарското вето

Данска и Холандија застанале зад бугарското вето за Македонија, тврди бугарски весник

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За една недела 134 починати од Ковид-19, најмногу во Скопје, Тетово и Гостивар

Редакција

Атина ќе испрати вербална нота: Македонија следната недела станува Северна Македонија

Редакција

(Видео) Филипче: Учениците, родителите и наставниците да ги почитуваат пропишаните мерки за безбедна учебна година

Редакција