Дваесет и двегодишен скопјанец денеска го нарушил јавниот ред и мир на гласачкото место во Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром, Скопје. Тој навредувал граѓани и физички нападнал полициски службеници.
Како што соопшти МВР, лицето е приведено во Полициската станица Аеродром и е утврдено дека се работи за К.Ж. (22) од Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
По инцидентот, пред училиштето има засилено присуство на полиција, а гласањето се одвива.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.