еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Индустриското производство во декември со раст од 2,5%

Индустриското производство во декември 2020 година бележи раст од 2,5 отсто во однос на декември 2019 година, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци индустриското производство во 12-те месеци во 2020 година, во однос на периодот јануари – декември 2019 година, бележи намалување и изнесува 9,5 отсто.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи пораст од 10,2 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 3,3 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 6,1 отсто.

Зголемувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство кај производството на прехранбени производи, на текстил, на производи од гума и производи од пластични маси, производство на други неметални минерални производи, производство на метали, производство на електрична опрема и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи опаѓање кај енергија за три отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 10,9 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,9 отсто, додека пораст бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 16,6 отсто и капитални производи за еден отсто.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ги усвои законските измени за минимална плата од 18.000 денари

Редакција

(Фото) Непознат херој во Скопје остави кошница полна со храна за семејства кои западнаа во криза

Редакција

Македонските сезонски работници во Италија гетоизирани и „невидливи“ за системот

Редакција