еМагазин
Image default
Бизнис

Индустриското производство во првото полугодие со раст од 2,5%

Индустриското производство во првите шест месеци годинава, во однос на истиот период лани е зголемено за 2,5 проценти. Во јуни 2022, пак, во споредба со јуни минатата година растот на индустриското производство е 0,9 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи опаѓање од 4,1 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0,1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 10,1 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи пораст кај Енергија за 17,5 %, Капитални производи за 7,0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.3 %.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реалност или весела статистика: Бројот на невработени се намалил за 13.500 лица за три месеци

Редакција

Мисијата на ММФ ни прогнозира раст од 3,8% на БДП и од 2,2% на потрошувачките цени

Редакција

Македонските банки работат три пати подобро од европските

Редакција