Трошоците на животот во октомври 2023 година, во однос на истиот месец лани, се зголемени за 3,5 %, а цените на мало за 3,4 %. Во споредба, пак, со септември годинава, трошоците на животот бележат намалување од 1,5, а цените на мало од 0,6 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај млекото за 10,1 %, јајцата за 9 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 8,6 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 6,4 %, свежото и разладеното овошје за 5,2 %, пивото за 4,3 %, сирењето и урдата за 4,1 %, месото за 3,4 %, лебот и житата за 3,3 % и маслото и маснотиите за 0,9 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај медиумите за снимање за 7,7 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 7,3 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 3,2 %, велосипедите за 1,8 %, услугите за сместување за 1,1 %, цврстите горива за домаќинствата за 1%, игрите, играчките и хобијата за 0,9 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 0,7 %, малите електрични апарати за домаќинствата, производите за домаќинството – нетрајни, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 0,6 %, моторните возила за 0,5 % и медицинските услуги за 0,2 %.
Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2,4 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1,8 %, жестоките пијалаци за 1,4 %, рибата и морските плодови за 1,2 %, виното за 1 %, кафето, чајот и какаото за 0,4 %.
Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај електричните апарати за лична хигиена за 9,5 %, воздухопловниот патнички транспорт за 5,2 %, ветеринарните и другите услуги за домашните миленици за 4,7 %, гасот за домаќинствата за 3,9 %, градините, растенијата и цвеќињата за 2,6 %, домашните миленици и сродните производи за 2,2 %, туристичките аранжмани за 2 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1,9 %, мотоциклите за 1,7 %, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, другите апарати и производи за лична хигиена за 1,6 %.
Кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти има раст за 1,5 %, мебелот и покуќнината, другото образование за 1,3 %, чевлите и другите обувки за 1,2 %, фармацевтските производи за 1,1 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, другите лични предмети за 1 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,9 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0,8 %, услугите за рекреација и спорт, услугите за култура за 0,7 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 0,6 %, облеката за 0,5 %, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 0,4 %, течните горива за домаќинствата, рестораните, кафулињата и слично, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,3 %, теписите и другите подни покривки, патниот патнички транспорт, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0,2 %.
Фото: Унсплеш