еМагазин
Image default
Македонија

Инспекторите констатирале одредени недостатоци за средбата на владините претставници во Куманово

Вонредниот инспекциски надзор за утврдување дали има прекршување на протоколите околу средбата на владините претставници и локалните власти во Куманово, е завршен на 18 април и констатирани се одредени недостатоци.

Ова денеска го истакна директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ), Иринка Сотирова – Бухова, која рече дека ДСЗИ може само да апелира и да го потврди фактот дека сите лица мораат да се придржуваат кон препораките на Комисијата за заразни болести односно да се придржуваат кон носење лична заштитна опрема и држење на социјална дистанца.

– Овој предмет е завршен, предаден во МВР и Министерството за здравство, додаде Сотирова – Бухова одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Министерот за здравство Венко Филипче исто така на прес-конференцијата истакна дека за случајот со Куманово се регистрирани недостатоци и во интерес на истрагата, ќе провери колку и какви информации може да изнесе во јавноста.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Член на општинскиот кризен штаб на Куманово негативен на повторените тестирања за корона вирусот

Премиерот Оливер Спасовски негативен на корона вирусот

Министерот Венко Филипче нема корона вирус, останува во самоизолација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 29 пациенти, а вкупно се лекуваaт 255

Редакција

(ГАЛЕРИЈА) Голема посетеност на првата Парада на гордоста во Скопје

Редакција

Судот неможел да го најде ни дома, ни во Влада: Верушевски не дојде да сведочи за „Таргет-Тврдина“

Редакција