еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Институт за македонска литература: Со ставот на Бугарската академија на науките се негира македонскиот идентитет

Институтот за македонска литература преку соопштение најостро реагира по повод ставот на Бугарската академија на науките (БАН) дека македонскиот јазик „не постои“, т.е. дека е „писмено-регионална норма на бугарскиот јазик“.

„Со ваквата изјава се негира постоењето на македонскиот јазик, литература, историја и култура и со тоа се врши негирање на македонскиот национален идентитет.

За македонскиот јазик, литература, историја и култура се објавени стотици илјади монографии, студии, ставови и аргументи на македонски и на други светски јазици од реномирани домашни и странски слависти, филолози, историчари, социолози, етнолози, политиколози, културолози со кои се докажува правниот и историски континуитет на македонската нација, која постои со македонскиот јазик“, се вели во реакцијата на Институтот за македонска литература.

Од Институтот посочуваат дека наместо БАН како највисока научна установа во Република Бугарија преку науката да ги афирмира воспоставените научни и културолошки интеракции меѓу македонскиот и бугарскиот народ за градење пријателство и меѓусебно разбирање и почитување, индиректно активира политички инволвирања во директното негирање на македонскиот народ и на македонскиот јазик, што претставува повреда на меѓународното право за себеидентификување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Бугарската академија на науките македонскиот јазик не постои, бил наречје на бугарскиот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Се враќаме во нормализација со Ковид-19, нов бран не би требало да се појави порано од 5 месеци

Редакција

Толковниот речник на македонскиот јазик достапен електронски на платформата makedonski.gov.mk

Редакција

Исамедин Лимани и Александар Камбовски избрани за нови членови на Судскиот совет

Редакција