еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Исплата на цела плата за работниците кои ќе заболат од Ковид-19 на работа, бара Конфедерација на слободни синдикати

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска уште еднаш го повтори своето барање за исплата на 100 проценти плата за оние работници кои ќе се заразат на работното место со Ковид-19 и за оние кои се спречени да одат на работа поради изолација.

Синдикатот укажува дека согласно Законот за безбедност и здравје при работа треба да се направат дополнителни проценки на ризик на работните места со Изјава за безбедност со која би се утврдиле сите можни штетности и опасности на секое работно место.

– Во изминатата година, многу пати укажавме дека согласно Правилникот за минимални барања за безбедност и здравје на вработени изложени на биолошки штетности, САРС-КоВ-2 е запишан како корона вирус од фамилија „coronaviridae“, што е во согласност со дополнувањето на Европската Директива за биолошки агенси и заштита на работниците од ризици, за вирусите од фамилијата „coronaviridae“ имаме утврдено безбедносно ниво 2, исто како и европското законодавство.

Од појавувањето на корона вирусот, КСС заедно со стручните лица за заштита при работа од Македонското здружение за заштита при работа, бара од институциите во целост да ги спроведат законите и на сите работници кои што заболеле на работното место или се во самоизолација да им се исплаќа 100 проценти плата, наведува Синдикатот.

Бараат од надлежните институции да го почитуваат и спроведуваат законот.

– КСС останува доследен на барањето, за секое неисполнување на работничките права согласно закон ги повикува надлежните т.е Владата и Државниот инспекторат за труд да стават крај на уништувањето на работникот и неговите права со било какви Уредби и Заклучоци, со кои се суспендира Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за пензиско и инвалидско осигурување, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лебот, сончогледовото масло за јадење и брашното ќе се продаваат по набавна цена

Редакција

Лани 13.000 нови сиромашни во Македонија, 5.000 се деца

Редакција

Идната недела можно замрзнување на цените и на шеќерот, јацата и оризот

Редакција