еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Исплата за субвенциониран студентски оброк ќе има до крајот на месецот, велат од МОН

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека исплата на средства по основ на субвенциониран студентски оброк ќе има до крајот на тековниот месец.

Сите студенти кои ќе го остварат правото, ретроактивно на своите трансакциски сметки ќе добијат парични средства за два и пол месеци, односно за половина септември, за октомври и ноември.

„Во моментов, комисија во рамки на Министерството за образование и наука задолжена за проверка дали студентите/апликантите ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк врши компарација на податоците наведени во апликациите и податоците кои ги добивме од другите надлежни институции – УЈП, АВРМ, ФПИОМ, МВР и сите универзитети,“ се вели во соопштението.

Секој студент/апликант ќе добие решение преку системот преку кој се аплицираше, а веднаш потоа ќе се реализира и исплатата.

Од МОН информираат дека на повикот, кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнаа над 31 илјада апликации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентите бараат одговор кога ќе им бидат исплатени средствата за субвенциониран студентски оброк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од почетокот на инвазијата на Украина, Русија ја напуштиле меѓу 817.000 и 922.000 нејзини граѓани, оценува „Економист“

Редакција

Каков имот пријавила разрешената директорка на Пошта, кадар на АА, која застана зад Таравари

Редакција

(ВИДЕО) Груевски во стан на Кинези во Будимпешта се сретнал со функционер на унгарското МНР

Редакција