еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Истрага „Пациент“ на СЈО: Меѓу осомничените и вицепремиерот Бујар Османи

Една од новите истраги на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е именувана како “Паценет“, а меѓу осомничените е и актуелниот вицепремиер за европски прашања, Бујар Османи.

“Во истрагата кое се води под името „Пациент“ постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување на службени и одговорни лица во постапки по јавни набавки за извршување на градежни и градежно – занаетчиски работи во повеќе Јавни здравствени установи низ државата. Во истрагата се вклучени 15 лица, меѓу кои и еден поранешен министер за здравство“, велат од СЈО.

Постои основано сомнение дека во 2010 година четворица од осомничените, Фатмир Авмедовски, Бетим Љамалари, Менсур Ибрахими и Жаклина Чагороска, како одговорни лица – претседател и членови на комисијата за јавни набавки во Министерството за здравство на РМ, при вршење на јавна набавка бр 02/2010 за изведување на градежни и градежно – занаетчиски работи во повеќе Јавни здравствени установи низ Македонија, поднеле незаконит предлог за избор на најповолна понуда, а осомничениот Бујар Османи, како министер за здравство, наместо да го одбие предлогот на Комисијата, донел решение за избор на најповолна понуда на понудувачот ГБС – Благоевград – Република Бугарија, велат од СЈО.

“Имено, од доказите произлегува дека осомничените членови на комисијата, го фаворизирале понудувачот ГБС – Благоевград, и покрај тоа што знаеле дека овој понудувач не ги исполнувал условите од тендерската документација, односно не ги поседувал потребните овластувања за инженерите за изведба, а во предмер пресметките кои се составен дел на понудите, не направиле ниту точен збир на податоците, поради што не утврдиле дека понудата на Ингра Загреб е за 637.303,00 денари поевтина од онаа на ГБС Благоевград.

Иако сето ова му било познато и на министерот за здравство, тој не го одбил предлогот туку донел решение и ја избрал понудата на ГБС Благоевград како најповолна, и покрај тоа што вредноста на понудата е поголема од проценетата вредност по јавната набавка и на правниот субјект му овозможил имотна корист во износ од 21.604.150,59 денари.

Во понатамошното мое излагање ќе слушнете како при изградба и реконструкција на ЈЗУ „Општа болница Охрид“, ЈЗУ Клиничка болница Тетово и ЈЗУ ГАК Чаир, различни лица во различни периоди причиниле штета на буџетот на РМ“, велат од СЈО.

Имено, во текот на 2010 година истите осомничени Фатмир Авмедовски, Бетим Љамалари, Менсур Ибрахими и Жаклина Чагороска, во друга постапка за јавна набавка бр. 03/2010 за изведување на градежни и градежно – занаетчиски работи во ЈЗУ „Општа болница Охрид“, поднеле незаконит предлог за избор на најповолна понуда и повторно ја избрале понудата на понудувачот ГБС Благоевград кој сѐ уште не ги поседувал потребните овластувања за инженерите за изведба, а со тоа не ги исполнувал ниту условите од тендерската документација, велат од СЈО.

“Министерот за здравство Бујар Османи, го прифатил и овој предлог и склучил договор со понудувачот ГБС Благоевград на износ од 127.533.691 денар.

Според доказите, во текот на 2013 година во постапка за јавна набавка бр 07/2010 за реконструкција и доградба на ЈЗУ Клиничка болница Тетово, осомничените: Делче Арсоски како раководител и Дамир Лончариќ како управител во фирмата Ингра Загреб-подружница Ингра Скопје, потпишале и завериле завршна ситуација со невистинити податоци по однос на количините на вградените материјали и нивниот квалитет.

Потоа, завршната ситуација била доставена до одговорните надзори, осомничените Ангел Икономов, Александар Диманин и Заре Здравески, кои без да ги проверат количините, ја потпишале и одобриле.

Осомничениот Љупчо Мијајлески, како одговорен инженер во проектната единица за реконструкција и доградба при МЗ на РМ, ја одобрил без да ја провери, а исто така и не побарал да биде активирана банкарската гаранција за неквалитет.

Завршната ситуација била основ за плаќање на парични средства, кои средства и биле исплатени , со што причиниле штета на Буџетот на РМ во вкупен износ од 719.470,00 денари, а за правното лице ИНГРА Загреб-Подружница Ингра во Скопје прибавиле имотна корист во висина од 6.005.461,00 денари.

Во текот на 2012 година во постапка за јавна набавка број 02/2010 за реконструкција на болницата Чаир осомничениот Александар Наумовски, како раководител на работите во фирмата ГБС Благоевград, која е изведувач на градежните работи, изготвил завршна ситуација, со невистинити податоци по однос на количините на вградените материјали и нивниот квалитет.

Завршната ситуацијата ја доставил до осомничениот Димче Ивановски, кој како одговорен надзор ја потврдил, а потоа осомничените Јадранка Ношпал, специјалист за градежни работи и Славица Тасевска Николовска, проект менаџер од проектната единица при Министерствотo за здравство, без да ја проверат, ја потпишале и одобриле завршната ситуација, која била основ за плаќање на парични средства, кои средства и биле исплатени, со што причиниле штета на Буџетот на РМ во вкупен износ од 1.568,828 денари“, велат од СЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вицепремиерот Османи изненаден што СЈО отворило истрага за него

Штета на буџетот од 80 милиони евра: 6 нови истраги на СЈО, осомничени Ставрески, Османи, Груевски…

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски не откри ништо ново, сите документи се предадени на истражните органи, реагираат од Онкологија

Редакција

Твитер „полуде“ за прислушувањето на обвинителите: „Се кладам дека биле СЈО“

Редакција

Твитер му „закачи“ нов алијас на министерот за надворешни работи: Никола Димитров – Никиликс

Редакција