На прашањето колку се загрижени за состојбата со корона вирусот големо мнозинство, односно 71,3% од граѓаните се изјасниле дека се загрижени (28,6% се многу загрижени), а мало малцинство (28,5%) рекле дека не се загрижени (16,6% воопшто не се), покажува истражувањето на МЦМС и М-проспект.
Според податоците од истражувањето може да се забележи дека жените се повеќе загрижени за моменталната состојба со Ковид-19 кризата во однос на мажите.
Па така, 80,6% од жените одговориле дека се загрижени (46,6% донекаде загрижени и 34,0% многу загрижени), што е за 18,8 процентни поени повеќе од мажите од кои вкупно 61,7% изјавиле дека се загрижени (38,7% донекаде загрижени и 23,0% многу загрижени).
Разлика во степенот на загриженост за моменталната состојба со Ковид-19 може да се забележи и во однос на етничката припадност на испитаниците.
Според податоците на графиконот 2, процентот на етничките Македонци кои се чувствуваат загрижени (75,4%) размислувајќи на моменталната состојба е за 19,1 процентни поени повисок од оној кај етничките Албанци (56,2%).
Со зголемување на степенот на образование се зголемува и степенот на загриженост кај испитаниците, од 69,3% кај оние со завршено средно образование до 75,0% кај оние со завршено високо образование.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден од новопочинатите од корона вирусот немал контакт со потврден случај