Тимот на новинари и продуценти на Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ започна со реализација на проектот „Мобилни редакции“, што до крајот на мај оваа година ќе се спроведува во три региони во земјата: полошкиот, североисточниот и југоисточниот.
Основната цел на овој проект е да се истражи корупцијата на локално ниво, преку непосредна комуникација со граѓаните во тие средини, со помош на слободното, истражувачко новинарство.
За да се запознае со локалните проблеми со фокус на корупцијата, тимот на ИРЛ ќе престојува во секој од трите региони, каде ќе оствари директна комуникација со граѓаните и ќе изврши теренски новинарски истражувања.
При тоа ќе бидат креирани видео стории што ќе бидат објавени на интернет порталот на ИРЛ (irl.mk), на социјалните мрежи, како и на локални и национални телевизиски канали.
Мобилна редакција на тимот на ИРЛ прво ќе го посети североисточниот регион, а ќе биде стационирана во Крива Паланка,од каде во следните две недели ќе се истражуваат корупциски темикои ќе бидат иницирани од локалното население.
Утре (вторник, 10-ти март 2020) во овој град ќе биде организиран и отворен ден за граѓанитена кој ќе присуствуваат и претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата, на Државниот ревизор и на локални невладини организации.
На почетокот на април, мобилната редакција ќе се префрли на полошкиот регион, во Тетово, а на почетокот на мај ќе биде поставена во Струмица на југоистокот од земјата.
Повеќе информации за целиот проект може да се добијат и преку видеата кои се поставени на овие линкови:
-Бори се со нас: irl.mk/irl-doaa-vo-vashite-gradovi-bori-se-so-nas.
-Мобилни редакции: www.facebook.com/IRLMacedonia.
-Монопол: www.facebook.com/IRLMacedonia.
„Убедени сме дека овој проект ќе придонесе кон остарување на континуирана мисија на ИРЛ за враќање на довербата во слободното, истражувачко и аналитично новинарствоза да може тоа да им помогне на граѓаните да дојдат до точни и релевантни информации за состојбите во сферата на корупцијата, криминалот и владеењето на правото.
И преку овој проект сакаме да покажеме дека медиумите се вистинските чувари на демократските вредности и заштитник на јавниот и граѓанскиот интерес“, објаснува раководителката на тимот на ИРЛ, Сашка Цветковска.
Во целокупната имплементација на проектот, како и во самиот процес на создавање на истражувачки новинарски стории, ИРЛ ќе соработува до голем број граѓански организации, кои долги години работат на национално и локално ниво на теми поврзани со корупцијата и нејзиното сузбивање, со локалните канцеларии на Здружението на новинарите, како и со Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот ревизор и Канцеларијата на Народниот правобранител.
Тимот на истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ е составен од истакнати новинари и други медиумски и комуникациски професионалци со долгогодишно искуство.
Здружението е основано со иницијална поддршка на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција (OrganizedCrimeandCorruptionReporting Project – OCCRP) која претставува истражувачка репортерска платформа формирана од повеќе од 40 непрофитни истражувачки центри и неколку регионални и глобални новински организации низ светот.
За повеќе информации посетете ја веб-страницата на ИРЛ www.irl.mk,како и профилите на социјалните мрежи: www.facebook.com/IRLMacedonia, www.instagram.com/irlmacedonia и www.twitter.com/IrlMacedonia.
ПРОМОТИВНА ОБЈАВА