еМагазин
Техно

Италијанските власти го казнија Фејсбук со седум милиони евра

Италијанските власти го казнија Фејсбук со седум милиони евра за недоволно информирање на корисниците за тоа како би ги користеле своите приватни податоци.

– Фејсбук не ги информираше доволно корисниците кои отворија профили како ќе се користат нивните податоци, соопшти италијанската Агенција за конкурентност.

Социјалната мрежа не ги спроведе мерките воведени од регулаторот во 2018 година.

Според Агенцијата, информациите обезбедени од Фејсбук за корисниците биле нецелосни и корисниците не можеле да разликуваат кои нивни податоци ќе се користат за рекламирање, а кои за персонализација на платформата на Фејсбук, на пример за полесно пребарување на други корисници.

Портпаролот на Фејсбук изјави дека мерките од 2018 година не биле спроведени, бидејќи жалбената постапка против нив сè уште трае.

Тој додаде дека компанијата инаку ги сменила условите за употреба за да стане појасно на кој начин ги користи податоците.

Фото: Photo by Solen Feyissa on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Galaxy Tab S7|S7+: нови Samsung таблети за работа и забава

Редакција

Над 300 средношколци ги унапредија своите знаења и вештини со употреба на технологијата за виртуелна реалност

Редакција

Апликацијата на „Виз ер“ сега достапна и на Huawei Appgallery

Редакција