еМагазин
Image default
Македонија

Иванов доби канцеларија во Џевахир „Скај сити“ со годишен буџет од 105.000 евра

Телевизијата Телма објави дека канцелариjата која ја побарал претседателот Ѓорге Иванов се наоѓа во зградите на Џевахир Скај сити во скопски Аеродром.

Тој во канцеларијата ќе може да вработи најмногу три стручни лица, а има право и на лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач.

Буџетот на идната Канцеларија на Иванов, според Законот, е во висина од 8% од буџетот на претседателот на државата, кој за 2019 година изнесува 81 милион денари.

Тоа според Телма значи дека Канцеларијата на Иванов би добила на располагање околу 105.000 евра годишно. Државата ги покрива и материјални трошоци за потребите при остварувањето на активностите на поранешниот претседател.

Пензијата на поранешните претседатели е ограничена во висина на платата на актуелниот шеф на државата што во моментов изнесува околу 1.800 евра, објави Телма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска: Иванов се уште не платил за прекршочната

Иванов побарал средства за канцеларии за неговиот иден кабинет: Што друго му следува

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За СПЦ Македонците биле неиспилени Северномакедонци, а Македонија измислена државичка

Редакција

Нови 155 случаи на заразени од корона вирусот, најмногу во Скопје

Редакција

93,3% од заболените со Ковид-19 во Македонија се лекувале дома

Редакција